Илјадници Македонци на собир во Сиднеј за “Заедничка Македонија”
Macedonian gathering in Sydney Source: SBS
На досега најголемиот собир во дијаспората, илјадници членови на македонската заедница во Нов Јужен Велс одржаа собир во Сиднеј во знак на поддршка на одлуките на претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов и отфрлање на тн Тиранска платформа .Еден од главните говорници на собирот, австралискиот сојузен пратеник Крејг Кели уште еднаш ја нагласи неговата поддршка на Македонците во Австралија и во Република Македонија и нивното основно право на самоопределување и идентификување без влијание и мешање на надворешни фактори.Тој рече дека е крајно време австралиската влада да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име.Слушнете дел од атмосферата од повеќечасовниот собир
Share