Тони Наумовски: „Роден сум во Сиднеј, живеам во Њујорк, но душата ми е во битолско Ротино“

Source: Supplied by Tony Naumovski
Македонскиот актерски талент, роден во Сиднеј, а кој живее и работи веќе 16 години во Њујорк, позади себе има над 100 серии, филмови, театарски претстави и рекламни спотови низ целиот свет. Во првиот дел од интервјуто зборува за своето потекло од битолско Ротино, за почетоците на штиците кои живот значат, за изборот на факултетот, како и за поддршката која ја добил од своите родители, иако биле против одлуката да стане актер.
Share


