Во третиот дел од интервјуто со светски етаблираниот македонски актер, тој зборува за љубовта кон македонската историја, за македонското во него и за начинот на кој ја презентира македонската музика и традиција секаде низ светот. Наумовски кој зборува 9 јазика, има одиграно повеќе од 100 улоги, меѓу кои и улогата на Сталин во претставата "Завршна анализа" на драматургот Ото Ескин во театар во Њујорк, за која вели дека морал да се изолира од многу надворешни влијанија за да ја одигра најавтентично и без предрасуди.
Share




