Трагата од абориџинска сол, со која Чаповска создава мала, скоро невидлива трага околу малото езеро на Пелистер, е набаре бел конец, со кој таа ги "сошива" еден за друг македонскиот и австралискиот дел од својата личност на уметник, на имигрант, на жена- номад, на Македонка во Австралија.
Австралиско-македонската уметница Виолета Чаповска, е еден од четворицата автори на изложбата "Траги и сеќавања", поставена од 13 ноември до 12 декември, 2021, во галерија "Кунихан", во Бранзвик Мелбурн.
Чаповска e интердисциплинарен уметник, родена во 1967 година во Скопје, Македонија, каде дипломирала на Факултетот за ликовни уметности. Магистрирала на RMIT во Мелбурн, каде живее и работи повеќе од три децении. Од нејзината прва изложба во Националната галерија на Македонија во 1991 година, делата на Чаповска се прикажани во низа приватни и јавни галерии и музеи вклучувајќи ја галеријата "Дајан Тензер" во Мелбурн, уметничката галерија во Баларат, Националната галерија на Австралија во Канбера, МАМОК во Виена, Музеј на современа уметност во Скопје и на Музејот на град Скопје.






