Се преговара договор со Абориџинските луѓе на Викторија

Source: AAP
Државата на Викторија подготвува договор со својот Абориџински народ, прв договор од ваков вид во Австралија. Процесот има за цел да ги признае правата на Абориџините и да ја подобри иднината на заедницата со признавање на лошото постапување во минатото. Викторија е првата држава во Австралија која ќе воведе легислатива за договор со своите Абориџини. Предлог-законот беше донесен пред една година за да започнaт формалните преговори за постигнување договор. Викториската влада вели дека Договорот ќе помогне да се подобрат животите на викториските Абориџини. Тоа е исто така шанса за помирување и да се препознае болката на луѓето. Викторискиот комесар за унапредување на договорот Џил Галагер вели најголемиот предизвик е да се донесат сите заедно поради што има луѓе кои веројатно имаат поинакво гледиштe, што е во ред бидејќи цекој треба да добие можност да биде слушнат. Госпогицата Галагер за програмата The Point на каналот NITV, рече дека целта на Договорот е да ја препознае заедницата на Абориџините како оригиналнитe луѓе на земјата. Адвокатот Мајкл Мансел објаснува дека "Ќе мора да има договор на земјиште". Министерот за Домородни Прашања на државата, Гавин Џенингс се согласува дека правдата во однос на земјиште, здравствените резултати, образованието, вработувањето, културното наследство и заштитата на јазикот се сите области отворени за дискусија во Викторија и признава дека може да се преговара за повеќе од една или дури повеќе десетици договори. Новиот федерален министер за Домородни Пражања Кен Уајат за каналот NITV изјави дека договори со Абориџините и Oстровјаните на Торес Стрејт се одвиваат низ цела Австралија.
Share



