Но, аналитичарите велат дека пукањето е најновото во долгата низа политички мотивирани напади и акти на насилство, главно од десничарски екстремисти.
Во Колорадо, најмалку 31 избран функционер побараа нивните лични контактни информации да бидат отстранети од јавната база на податоци за финансирање на државните кампањи наречена TRACER.
Во 2023 година, Ројтерс поднесе посебен извештај во кој се покажа дека политичкото насилство во САД е најлошо од 1970-тите - со речиси 40 убиени лица и десетици други ранети во политички мотивирани напади.
Левичарски активисти извршија неколку инциденти, вклучувајќи го и нападот во Вирџинија во 2017 година врз републиканецот Стив Скализ, i други.
Но, извештај на Ројтерс и други заклучува дека поголемиот дел од насилствата доаѓаат од екстремисти од десницата во форма на пукања и физички напади.
-//-
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here: