Сестрите близначки Маријана и Мишела доминираа во кати во сениорска и јуниорска конкуренција. Тео Цветковски повторно со златен медал во борби. Својот талент со освоени медали го потврдија и Стефани Димовска, Микаела Тасевска и Филип Јовановски.
Сестрите Мишела и Маријана Димоски како и минатата и годинава потврдија дека се најдобри во Австралија во кати.
Во сениорска конкуренција Мишела го освои првото а Маријана второто место додека во конкуренција до 21 година Маријана беше подобра од Мишела освојувајќи го златниот медал.
Маријана и Мишела во Мај ќе ја претставуват Австралија на Првенството на Океанија што ќе се одржи во Нов Зеланд.

Тео Цветковски уште еднаш го потврди својот квалитет со освојувањето на првото место и златниот медал во кумите или борби на отвореното првенство на Австралија. Тео во натпреварите на Австралиските училишта го освои третото место и бронзениот медал.
И Тео Цветковски ќе ја претставува Австралија на шампионатот на Океанија.

Стефани Димовска во кати кадетска конкуренција поединечно освои два златни медали. Најпрвин беше најдобра во натпреварите на Австралиските училишта а истиот успех го повтори и на отворенто првенство на Австралија. Во финалето ја совлада МикаелаТасевска која пак покрај сребрениот медал во кати освои и втор сребрен медал во борби на училишното првенство.

Филип Јовановски го освои второто место во борби поединечно до девет години.



