Македонскиот ракометен клуб “Вардар” по втор пат стана европски шампион во машки ракомет, откако во финалето од Ф4 во Келн го порази унгарски “Веспрем”, со резултат 27-24. На официјалната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов покрај тоа што го анализираше денешниот меч испрати „порака“ до портпаролот на ЕФМ. Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што Столе реагираше и рече: „Да потенцирам, мојата држава е Република Македонија"

Share




