"Многу Македонци мигрирале во Австралија поради тоа што нивниот македонски јазик и идентитет биле оспорувани во други земји", вели Вера Секуловска, член на Бордот директори на Обединета македонска дијаспора за Австралија која на 6 ноември имаше излагање пред Сенатската комисија за надворешни работи,одбрана и трговија
Еве неколку извадоци од излагањето пред сенатската комисија за време на кое г-ѓа Секуловска ја запозна комисијата со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат членовите на македонската заедница во Австралија:
"Има надворешни фактори што ја правата македонската заедница ранлива. Таа постојано го брани своето право на идентитет, јазик и култура".
"Странски влади отворено усвојуваат политики на оспорување на македонскиот идентитет и јазик во обид да го задушат правото на македонското малцинство во рамки на нивните граници".
"Третманот на Македонците не произлегува од потфрлање во денешна Австралија. Тоа доаѓа од опресивните политики на Балканот против Македонците".





