"Јазикот е особено значаен за македонската заедница која ја познава борбата за зачувување на идентитетот и културата”, рече лабуристичката пратеничка Бронвин Халфпени на свеченоста во чест на матурантите по македонски јазик во Викторија, во организација на македонскиот генерален конзул во Мелбурн, Сања Зографска-Крстеска.
На свеченоста присуствуваше и г-дин Брус Аткинсон од либералната партија, а на присутните им се обрати и директорот на Викториското училиште за јазици, Френк Мерлино.
Share





