"Се чувствуваш ужасно од внатре, но не можеш да направиш ништо, освен да зборуваш со саканите околу себе и да бидеме тука еден за друг", вели во разговор со СБС на македонски Вини Јовановски, очевидец на последните моменти од трагедијата во прометниот трговски ценар Вестфилд во сиднејската населба Бонди Џанкшн, каде смртоносно беа прободени шест лица, а повеќе беа повредени.
Share





