Во организација на МПОМВ Денот на Републиката се одбележа пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на црквата " Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица " во Мелбурн. Во својот говор Мирчо Ангеловски претседател на МПОМВ порача дека Македонците од Австралија се обединети и единствени во одбрана на името и идентитетот на Македонската нација. На прославата присуствуваа и претставници од политичкиот живот во Викторија кои во своите говори зборуваа за значењето и придонесот на македонската заедница во Австралија.
Панахида за загинатите револуционери и борци за слобода на Македонија одржа Архимандрит Гаврил во сослужение со отец Ефтм Бетински.

Во дел од говорот на прославата на Денот на Републиката 2 Август Мирчо Ангеловски од МПОМВ потенцира дека Македонците во Австралија се обединети и единствени во одбрана на името Македонија и идентитетот и упати неколку пораки.
На свеченоста емотивно обраќање имаше и Г-ѓа Inga Peulich министерка во сенка за мултикултурни работи во Викторија.
Дел од говорот на Ms Bronwyn Halfpenny од Викториската влада за Томастаун на Илинденската прослава



