Осаменоста во Австралија е премногу честа појава, особено кај постарите лица кои живеат во установи за нега или сами во домот. Луѓето кои се чувствуваат осамено, се под многу поголем ризик да страдаат од деменција, срцеви заболувања и депресија. Осаменоста е и голем повик за работа во заедницата. Повик, на кој се одзваа Маре Мазевска и Лефта Теховник од Волонгонг, решени да направат разлика во животите на постарите, кои се чувствуваат осамено, во нивната локална заедница. Од разговорот за СБС на македонски, дознајте што ги поттикна на ваков чекор во осмата деценија од нивниот живот.
Share





