Наградите на фудбалската федерација на Викторија за 2018 година беа доделни неодамна. За волонтер на годината наградата замина кај Целе Пресилски од ФК Алтона Меџик Вардар. Целе е во клубот од основањето во 1968 година. " Ништо не е проблем за Целе, се што треба да се направи тој гарантира дека ќе направи за се да мине совршено на денот на натпреварот" - велат од клубот.
Една од легендите на Алтона Меџик Вардар, Целе Пресилски, е во клубот од основањето во далечната 1968 година. Најпрвин како играч, потоа тренер на јуниорите и сениорите, менаџер на тимот и дел од управата на клубот.
Целе волонтира 7 дена во неделата. Тој ги отвара и затвара вратите на Пејсли парк и неговата посветеност и работа се рефлектираат во секој агол на спортскиот комплекс.

Видео со Целе Пресилски во кое споделува секавања за ФК Алтона Меџик по повод 50 години од основањето на клубот.





