"Секое движење на мускулите ги движи и коските, а тоа значи ја зголемуваме густината на коската, што значи помалку фрактури и одење во болница", вели во разговор со СБС на македонски проф. д-р Лили Стојановска, долгогодишен медицински истражувач во областа на женското здравје.
Слушнете во разговорот и за користа од темното чоколадо (најдобро со 90% какао) и со што би можеле да го комбинирате доколку ви е премногу горко.
Share





