"Изучувањето на македонскиот јазик ми помогна да го зачувам својот културен идентитет и ми отвори прозорец кон еден сосема нов свет, кон една традиција богата со обичаи и бои" - вели 13-годишниот Стефан Бузевски, од Мелбурн. Тој е еден од многуте ученици кои ги посетуваат часови по македонски јазик во саботното училиште ВСЛ во Томастаун. Со дел од нив зборувавме за причините поради кои избрале да учат македонски како свој втор јазик во Австралија.