Се вели дека до срцето се стигнува преку стомакот. На иста линија е и идејата дека примамливите вкусови на една национална кујна, се најдобрите амбасадори на културата на еден народ. Впрочем, првата асоцијација ни е Бан Ми кога доаѓаме во контакт со пријатели од Виетнам, суши со оние од Јапонија, дамплингс и вонтон за позниците од Кина, Па Таи за оние од Тајланд и неодолива паста за Италијаните. “СБС на македонски” истражуваше на кој неодолив, гастрономски вкус им асоцираат Македонците на другите народи во Австралија, односно што има на менито на рестораните што нудат македонска храна во државава.




Share





