Каде луѓето грешaт по Домородна историја

Natives camp, Australia, engraving from Raccolta di Viaggi (Travel Collection), by Francesco Costantino Marmocchi. Source: Getty Images
Прославите на неделата NAIDOC се одржуваат во Австралија секој јули, за да се прослави историјата, културата и достигнувањата на Домородните жители и Островјаните на теснецот Тorres Strait. Но, постојат голем број на заблуди во врска со историјата на Домородните народи на Австралија. Bruce Pascoe е Domoroden Aвстралиски писател од кланот Bunurong, кој се опишува себеси како "обичен Aвстралиec". Г-дин Pascoe ја оспорува оваа идеја во својата книга Dark Emu, и за SBS News изјави дека верува оти ова е најголемaтa заблуда во врска со културата на Абориџините и Oстровјаните на Тоrres Strait. Негово мислење e дека најчесто луѓето претпоставуваат дека Абориџините биле само ловци и собирачи и ништо не сториле со земјата, дека не се бавеле со растителни култури и слично. Тој верува дека тоа произлегува од нервозата на Австралијa во однос на соочувањетo со фактот дека земјата била под инвазија и земјата била украдена. И така, во ретроспектива, вели господинот Pascoe, нацијата се обидува да каже дека Абориџините не ja користеле земјата па затоа и не ja заслужуваат.
Share



