Ако се соочувате со ваков вид злоставување најважниот број на кој треба да се јавите е 1 800 RESPECT односно на 1800 737 732 за да добиете првичен совет конкретно за вашата сопствена ситуација, што понатаму. Секој ден, 24 часа е отворена и линијата за поддршка Lifeline на 13 11 14.
"Една од причините што ги задржува лицата во тој циклус на насилство е фактот што моментот кога ќе решат да заминат од својот насилник, тогаш се случуваат најтрагичните работи",вели др Анита Стрезова од Форумот против домашно насилство на НЈВ.
Др Стрезова во разговор со СБС на македонски ја објаснува постапката, чекор по чекор, што се случува откако жртвата на домашно насилство ќе се јави за помош.





