Компјутерскиот криминал е во постојан пораст па на што ние, како корисници на интернетот, треба секогаш да внимаваме за да не станеме жртва на сајбер криминалците.
Постојат многу различни начини преку кои сајбер криминалците можат да ги "посетат" нашите компјутери, но исто така постојат и многу начини како да се заштитиме.
Според Марио Ставревски - дипломиран компјутерски работник, сигурноста на компјутерските системи е зависна од многу фактори, но и од знаењето и искуството во користењето на компјутерот.
Во разговор за СБС радио г-дин Ставревски објаснува за најчестите појави на компјутерски криминал и за основните работи кој секој корисник на интернет треба да ги знае, за да се заштити.




