Со олеснувањето на рестриктивните мерки поради пандемијата со коронавирусот со работа повторно започнуваат фитнес центрите. Како и на кој начин да се продолжи со вежбање после подолга пауза, кои вежби можат да се прават кога работите од дома или на работното место се само дел од прашањата на кои одговара Славче Соколовски, дипломиран професор по физичко воспитување и акредитиран фитнес и личен тренер. "Еден час неделно спортска активност ќе има голем ефект во борбата против депресијата, анкциозноста, будење на менталниот дух и враќање на самодовербата во услови кога луѓето се затворени" - вели Славче Соколовски.
Share




