Мора да трчаме да го надоместиме загубеното време од 30 години во меѓусебните односи, е пораката која вчера од Скопје ја испратија премиерите на Северна Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, посочувајќи дека Договорот од Преспа е во полна сила и се исполнува. Тие повикаа да се смени наративот на омраза и поделби. И Заев и Ципрас веруваат дека доколку во идинина и во двете земји дојдат на власт сегашните опозиции, нема да го чепкаат постигнатиот Договор кој отвори нова историја меѓу двете земји и на Балканот.
Share




