Авторката, позната во македонските поетски кругови и по нејзиното уметничко име Преспана е автор на стихозбирките "Солзите на Преспана", "Така љубеше Косара", "Крикот на пеликанот", "Преспански легенди - Преспанска езерска убавица" (во ко-авторство), "Липите на Сарај куќа", "Ехото на старите патеки - Виа Игнација" и "Розите на Преспа".
Поезијата на Лидија Дочовска-Павловска е комплексна, мултидимензионална. Таа неуморно црпе инспирација од раскошната убавина на Преспа но и од историските настани и митолошките преданија од тоа поднебје, давајќи им нова, безвременска поетска димензија.
"Зарем дрво без корен
ќе ја дознае вистината,
или река без извор,
ќе го види езерото?...
ако во туѓото срце
не го слушнеш своето,
ако во туѓото око
не созрееш до крвта
која го гори немирот?...
срцето ќе ми биде туѓо,
душата странец
ако не сум тоа што сум"
(Извадок од стихозбирката "Ехото на старите патеки - Виа Игнација")