Фудбалскиот клуб на македонската заедница, Волонгонг Јунајтед се најде на насловните страници на национално ниво откако успеа да обезбеди место меѓу 32-те екипи во фудбалскиот куп на Австралија. Волонгонг Јунајтед до овој успех стигна после победата на гостински терен од 2:1 против St. George City. Со тоа не само што испиша клубска историја туку успехот добива на тежина и со тоа што стана првиот клуб од фудбалската асоцијација на Football South Coast да игра во фудбалскиот куп на национално ниво. Во аудио разговорот со претседателот на клубот, Петар Вртковски, ќе слушнете повеќе за атмосферата во клубот по овој историски успех а негова желба е за противник да добијат клуб од А-лигата и натпреварот да се игра во Волонгонг.
Share




