Фудбалскиот клуб Вулонгонг јунајтед годинава е вистински хит во Илавара регионот. Сите три тима на клубот во досегашниот дел од сезоната во моментов се на првите места на табелата. Успехот е збогатен и со двојната победа во Берт Бамтон купот, каде првиот и младинскиот тим ги освоија пехарите. Во пресрет на "македонското дерби" со Кринџила Лајонс за успехот и амбициите на клубот слушнете повеќе од разговорот со претседателот на клубот Петар Вртковски, според кого моделот за успех е "работа и само работа" и во услови на пандемија од КОВИД-19.
И во услови на пандемија поради коронавирусот, фудбалскиот клуб Вулонгонг јунајтед, бележи резлтати за почит и се обидува да се докаже како клуб кој треба да биде пример и за останатите како се стигнува до успех.
Во три ранга на натпреварување во лигите на Илавара регионот, екипите на клубот се на првите места на табелата во досегашниот тек од скратената сезона поради пандемијата со КОВИД-19.
Првиот, вториот и младинскиот тим се на првите места а успехот го збогатија и во Берт Бамтон купот, каде првиот и младинскиот тим ги освоија победничките пехари.

За да се стигне до посакуваните резлтати, според претседателот на клубот Петар Вртковски потребна е напорна работа но и правилни одлуки во право време:
" Моделот за успех е јасен, макотрпна работа од сите што се вклучени во клубот, потоа вистински избор на тренерскиот кадар но и изборот на фудбалери кои даваат се од себе на секој натпревар. Сето тоа го имаме и успехот е тука на големо задоволство на нашите симпатизери кои заслужуваат да се радуваат на успесите на клубот".






