Јорго Капорис со членови на австралиската група "Гости" на фестивалот WOMADelaide 2023 што привлекува уметници и гости од целиот свет (Y.Kaporis)
Јорго Капорис, основач на академијата за балкански традиционални ора "Душа Балкана" во Сиднеј, преку која, промовирајќи инклузивност и меѓусебна почит за различноста, ги учи Австралијците да играат македонски, грчки, српски, бугарски и романски ора, за СБС на македонски ја отвора својата душа и за тоа како наоѓа хармонија меѓу македонското и грчкото во него, бидејќи по мајка е Македонец, по татко Грк.

Ние си ги знаеме ората, најважно е да ги научиме другите нации кои сме, од каде доаѓаме и што правиме
Јорго Капорис за време на "мастерклас" по македонски ора на отворено на фестивалот во Аделаид, Јужна Австралија, WOMADelaide 2023
Капорис вели дека најголемо влијание за македонската култура и традиции дошло од неговата баба Велика Ролев која, додека ја посетувал во старски дом, го учела стари заборавени и на времето, забранувани егејски песни и ора, што тој ги запишувал за да ги спаси од заборав.
Јорго Капорис пред постер за музички фестивал во Сиднеј 2018