Дали ќе јадете месо одгледувано во лабораторија?

Cooked cultured chicken, grown in a laboratory. Source: AAP
Во земја што е зависна од скари како Австралија, изгледите за месо одгледувани од клетки во лабораторија не гледаат силно. Но, говедско, пилешко, свинско месо и риба може да бидат дел од одговорот на климатските промени и благосостојбата на животните. Мириса на пилешко. Изгледа како пилешко. Дури има и вкус како пилешко, меѓутоа, одгледувано е од една клетка во лабораторија. Ума Валети е извршниот директор на американската компанија зад програмата, Мемфис Митс. Тој вели ги земаат клетките од високо-квалитетни животни, ги хранат со хранливи материи од овие клетки за да станат месо, а откако ќе станат месо, го собираат и го готват во производ што го сакаат. Во извештај објавен во јуни од страна на консултантската фирма, А.Т. Kearney, се предвидува дека до 2040 година, месото засновано на клетки ќе сочинува 35 проценти од месото кое ќе се консумира низ целиот свет. Ова култивирано месо се произведува преку екстракција на клетки од животно-донатор и одгледување на тие клетки во сурово месо. Господинот Валети вели дека со порастот на населението, и се по проблематичното производството на месо по традиционални методи, проектот работи на зголемување на изборот.
Share