Габријела Каранфиловски тениска звезда во подем во Австралија

Gabrijela web new.jpg

Габриела Каранфиловски која има само 11 години е една од најперспективните млади надежи во Австралија.Во категоријата до 12 години таа е рангирана петта во Австралија и втора во Нов Јужен Велс.(Credit: Stephen Karanfilovski)

Таа има само 11 години, но веќе чекори сигурно кон врвот на австралискиот тенис.


Габриела Каранфиловски е една од најперспективните млади надежи во Австралија.

Во категоријата до 12 години таа е рангирана петта во Австралија и втора во Нов Јужен Велс – резултат што зборува за посветеност, дисциплина и исклучителен талент.

Зад нејзиниот успех стои и силна семејна поддршка – редовни долги патувања од Борал на Централниот Брег во Нов Јужен Велс до Сиднеј, неколку пати неделно, за тренинзи и турнири. Пат исполнет со жртва, но и со огромна љубов и верба во нејзиниот сон.

Во разговорот со Габриела и нејзиниот татко Стивен ќе слушнете што за неа значи да игра без страв, како се справува со притисокот и тешките моменти, кои се нејзините идни цели и каква порака испраќа до сите деца што сонуваат за кариера во овој спорт.

Инспиративна приказна за храброст, поддршка и соништа што стануваат реалност.


Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now