"Австралија е земјата во која се пронајдов", вели Ивона Равлиќ (28), која минатата година се пресели од Скопје во Мелбурн, за да го продолжи своето образование како докторант на бизнис-школата на "Универзитетот за технологија Свинбрн", во Мелбурн. По една година студирање и престој во Австралија, таа доби покана да стане асистент на додипломските студии по бизнис и претприемаштво на истиот факултет. Во интервјуто за "СБС на македонски", Ивона зборува за "интрапретпримаштвото" и огромниот потенцијал што овој, релативно нов концепт, го има за австралиските компании и пазар.