Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Source: Getty Images
Телевизискиот дуел меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се одржа на ТВ Канал 5. Зоран Заев и Христијан Мицкоски имаа над два часа простор да дадат одговори на повеќе жешки прашања кои се во центарот на вниманието кај македонската јавност. Двајцата дискутираа за реформите во правосудството, Преспанскиот договор, непотизмот, претстојната изборна кампања и создавање услови за фер претседатеслки избори, европската иднина на Македонија и економски прашања. Вториот ТВ дуел донесе пожестоки дискусии, поконкретни одговори, но и меѓусебни обвинувања за водење штетни политики врз државата, но на крајот и двајцата си подадоа рака. Дел од ТВ дуелот во извештајот што го подготви Милчо Јованоски.