"Македонскиот просветен-училишен одбор за Нов Јужен Велс" одбележува 40 години од своето основање во 70тите. Првите официјални класови на македонски јазик во Австралија беа основани во 1976, со околу 450 ученици кои ги посетуваа часовите во тоа време. За време на прославата на јубилејот, актуелната претседателка на оваа организација, Жаклина Михајлова, ги потсети Австралијаните со македонско потекло за важноста да се продолжи традицијата на изучување на македонскиот јазик во Австралија.