Зоран Силјаноски: Работата ја чувствувам како хоби

Video Producer and CH 31 presenter Zoran Siljanoski Source: Supplied
Зоран Силјаноски, видео продуцент, презентер на каналот 31, уметник и музичар, вели дека видео продукцијата му овозможило да подготвува неделна 60-минутна телевизиска програма на македонски јазик. Од контактите сфатил дека многу од неговите гледачи сакаат да гледаат програми посветени на животот на Македонците во Австралија. Г-дин Силјаноски ја презентира програмата "Македонците во Австралија". Исто така соработува во подготвување на кратки играни филмови во Австралија и во странство. Тој верува дека чесноста, транспарентноста и почитта се клучни во успешното работење на бизнисот.
Share



