Зоран Заев од Берлин најави: 2018 година може да биде историска за Македонија

German Chancellor Angela Merkel (L) with Macedonian Prime Minister Zoran Zaev after their press conference at the Federal Chancellery, in Berlin, Source: dpa-Zentralbild
Германската канцеларка Ангела Меркел ги охрабри Македонија и Грција со компромис да го решат спорот за името. По средбата со премиерот Зоран Заев во Берлин, таа ги отфрли сите шпекулации за евентуално вклучување на Германија во преговорите, истакнувајќи дека притисокот нема да му помогне на процесот. Шеесет истакнати грчки левичари во петицијата објавена во печатените медиуми во четвртокот тврдеа дека одлучиле, соседна Македонија да биде признаена под тоа име, и покрај официјалниот став на Атина кои се противат од 1991 година. Во екот на разговорите со Грција за разликите за името, во кои една од темите е и македонскиот јазик, од Турција стигна информацијата за отворање насока за македонски јазик и литература на Универзитетот во Анкара. Повеќе за овие и другите настани од Македонија во тонскиот извештај на Милчо Јованоски.
Share



