Key Points
- Референдумот за Гласот на домородните народи во парламентот заврши со победа на страната „не“.
- Шестте држави и Северната Територија гласаа против, додека Австралиската Престолнинска Територија гласаше „за“ Гласот.
- Премиерот Антони Албанезе ги повика Австралијците да се обединат.
Австралијците го отфрлија предлогот за воведување на Домороден глас во парламентот во уставот.
Сите шест држави и Северната територија гласаа „Не“ на историскиот референдум во саботата.
Гласот „против“ води и во вкупното пребројување на гласовите низ земјата.
Австралиската Престолнинска Територија беше единствената јурисдикција која гласаше „Да“ за Гласот.
Разочараниот премиер Антони Албанезе инсистираше на тоа дека резултатот „не нѐ дефинира и нема да нѐ раздели“.
„Сега од сите нас зависи да се обединиме и да најдеме друг пат до истата заедничка цел“.

Лидерот на опозицијата, Питер Датон, ја повика земјата да се обедини, опишувајќи го референдумот како вежба која Австралија „не требаше да ја направи“.
„Предлогот и процесот треба да бидат дизајнирани да ги обединат Австралијците, а не да нѐ разделуваат“, рече тој.

Некои домородни Австралијци прогласија „недела на молк“ по резултатите од гласањето, додека други веќе размислуваат за тоа што е следно.
Линда Барни, австралиска министерка за домородните прашања и поддржувач на кампањата „Да“, рече дека е уверена дека по гласањето ќе се појави нова генерација на домородни лидери.
Ворен Мундин, истакнат портпарол на кампањата „Не“, рече дека резултатите покажале дека Австралијците „сакаат да направат нешто“ за прашањата со кои се соочуваат домородните народи во Австралија.
„Луѓето мора да престанат да замижуваат пред насилството, злоупотребата, присилната контрола и деструктивното однесување што се случуваат во некои од домородните заедници“, рече тој.
Останете во тек со исходот од референдумското гласање во 2023 година за признавање на домороден глас при парламентот преку SBS, и преку перспектива на народите од Првите нации преку NITV.
Посетете го SBS Voice Referendum portal за пристап до статии, видеа и подкасти на повеќе од 60 јазици или бесплатно проследување на најновите вести и анализи, документарни филмови и забава на Voice Referendum hub on SBS On Demand.
