- Нов Јужен Велс сe уште има голем број заразни луѓе во заедницата.
- Поголемиот дел од новите случаи во Квинсленд се деца.
- Викторија евидентира два нови случаи.
- Јужна Австралија олеснува некои ограничувања за KОВИД-19.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 207 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку 50 биле присутни во заедницата, додека биле заразни. Човек во деведесетите години, кој примил една доза вакцина “АстраЗенека КОВИД-19”, почина во болницата во Ливерпул.
До 300 припадници на австралиските одбранбени сили и помагаат на полицијата на Нов Јужен Велс, во осум области на локалната власт, да „достави пакети со храна, да чука на вратите за да ја провери добросостојбата, и да врши проверки на почитување на прaвилата“. Армијата не е вооружена.
Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан, ги повикува луѓето да се вакцинираат. Најдете ја тука листата на клиники за вакцинација.
Квинсленд
Квинсленд регистрираше 13 нови, локално стекнати случаи, од кои повеќето се деца под 10 години. Сите случаи се поврзани со постојниот кластер, а вкупниот број на активни случаи е 31.
Благајникот Камерон Дик, објави пакет од 260 милиони долари, за поддршка на бизнисите во Квинсленд, особено малите и средните претпријатија.
Заклучувањето, сега, продолжено до недела 8 август, е на сила во Бризбејн, Голд Коуст, Ипсвич, Долината Локиер, Логан, Моретон Беј, Нуса, Редланд, Сциник Рам, Сомерсет и Саншајн Коуст.
Последните 24 часа низ Австралија
Викторија регистира два нови, локално стекнати случаи, поврзани со постоечки епидемии, и кои биле во карантин за време на заразата.
Во Јужна Австралија остануваат на сила задолжителните маски, додека спортските натпревари се можни, но со некои ограничувања во однос на бројот на гледачи.
Како функционира „социјалниот балон за самци“ за жителите на Сиднеј?
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија