СБС им оддава признание на Абориџините и Островјаните од теснецот Торес ширум Австралија како традиционални сопственици на Земјата и нивната постојана поврзаност со земјата, водите и заедницата.
Оригиналниот текст на „Advance Australia Fair“ бил напишан во 1878 година од австралискиот учител и композитор Питер Додс МекКормик. (Peter Dodds McCormick). На 19 април 1984 година, песната официјално е потврдена како австралиска национална химна.
Во 2021 година зборовите во вториот стих на химната беа изменети од „млада и слободна“ во „една и слободна“, за да ја одрази инклузивноста.
Химната се изведува на официјални церемонии, спортски натпревари и други настани во заедницата
Австралиската национална химна Австралијци, да се радуваме сите,
Обединети сме и слободни;
Имаме златна почва и богатства поради труд;
Нашиов дом е опкружен со море;
Нашава земја изобилува со природни дарови,
Со убавини - раскошни и ретки;
Низ текот на историјата, низ секоја епоха
да ја унапредиме Австралија праведно.
Радосно да запееме сите,
да ја унапредиме Австралија праведно.
Под нашиот сјаен Јужен Крст,
ќе работиме со нашите срца и раце
За да заедницава наша
стане слaвна низ сите земји;
За сите оние кои дојдоа преку морето
Имаме бескрајни предели за споделување;
Со храброст да се обединиме сите
да ја унапредиме Австралија праведно.
да запееме радосно сите,
да ја унапредиме Австралија праведно.
- Credit: Don Arnold/Getty Images
Заклетвата за австралиско државјанство
Од воведувањето на австралиското државјанство во 1949 година, над шест милиони луѓе станале граѓани преку формално доделување на истото.
Церемониите за државјанство ги организираат локалните совети, вклучително и на Денот на австралиското државјанство, кој се одбележува на 17 септември.
Како дел од церемонијата, се свири австралиската национална химна, а луѓето даваат заклетва прифаќајќи ги одговорностите на австралиското државјанство.
Постојат две верзии на заклетвата, од кои едната го споменува Господ.
Заклетва верзија 1
Од сега па натаму, под божја волја,
се колнам на лојалност кон Австралија и нејзиниот народ,
чии демократски верувања ги споделувам,
чии права и слободи ги почитувам
и кон чии закони ќе се придржувам и ќе покажувам послушност.
Заклетва верзија 2
Отсега натаму,
се колнам на лојалност кон Австралија и нејзиниот народ,
чии демократски верувања ги споделувам,
чии права и слободи ги почитувам и
чии закони ќе ги почитувам и кон кои ќе покажувам послушност.
Read and listen Australian National Anthem and citizenship pledge in your language
Прочитајте ја и слушнете ја австралиската национална химна и заклетвата за државјанство на вашиот јазик