"Првото заседание на АСНОМ и создавањето на македонска држава во 1944 година се круна на четиригодишната борба и затоа 11 Октомври е еден од најголемите датуми во македонската историја", вели историчарот Др. Александар Литовски.
Според Др. Литовски обидите за менување на историските факти од страна на Бугарија не се оправдани а решение за влез на Македонија во ЕУ треба и мора да се најде, но не на сметка на историјата и минатото.
Share





