Васил Влашев, некогашно Дете Бегалец, раскажува за животот во селото Брезница пред големиот егзодус на децата во 1948 година, каде што беше јасно кој каде припаѓал и по кој пат смеел да оди. Животот на Васил бил доволно тежок и без војни и бегства. За неговата историја како Дете Бегалец од 1948 во времето на Ѓраѓанската Војна во Грција и подоцна во домовите во Романија ќе чуеме повеќе од неговите раскажувања за SBS Macedonian.
Васил Влашев е роден во Долна Маала во селото Брезница, во егејскиот дел на Македонија.
Да беше роден во Средна Маала, ќе беше добро најаден, облечен и ќе ги немаше секојдневните предизвици за опстанок, затоа што селаните што живееја во Средна Маала биле богати.
Нивните мажи со време биле заминати во туѓина, на печалба, од каде ги финансираа своите фамилии.
И таткото на Васил го напуштил Брезница во 1935 година, но тој не успеал да го обезбеди семејството.
Селаните од Средна Маала не се дружеле со соседните селани од Горна и Долна Маала, ниту пак децата играле едни со други.
Таков бил поредокот во селото во тоа време, вели Васил.







