ФК. Алтона Меџик Вардар минатата сезона обезбеди пласман во финалната серија а го имаше и најдобриот стрелец во НПЛ, Џонас Марковски.
Клубот по заминувањето на тренерот Џон Марковски го напуштија и поголем број фудбалери.
На новоименуваниот тренер познатото фудбалско име Горан Лозановски - Лоза не му преостануваше ништо друго освен ангажирање на нови фудбалери и нивно воигрување преку подготовките.
И, самиот Лозановски признава дека е тешко но сепак е задоволен од подготовките и очекува неговите фудбалери да дадат се од себе на натпреварите.
Не е лесно кога имате речиси комплетно нова екипа. Но, работевме напорно на тренинзите и очекувам оваа група на млади фудбалери да го дават својот максимум на секој натпревар. Чекор по чекор од натпревар во натпревар ќе се обидеме да стигнеме до финалната серија.
Горан Лозановски - Лоза, тренер на Алтона Меџик Вардар Credit: SBS
Претседателот на Алтона Меџик Вардар, Џими Илиевски вели дека на организациски план се е подготвено клубот да се претстави во што подобро издание и потенцира дека и во иднина ќе се работи на уредување на терените на Пејсли парк.
Организациски се е на место и подготвено за првиот натпревар но и целата сезона. И во иднина ќе работиме на уредувањето и подобрувањето на условите околу терените. Пријателскиот натпревар против Престон Македонија само го потврди тоа. Упатуваме неизмерна благодарност да нашите спонзори и навивачи.
ФК. Престон Македонија минатата сезона можеби не ги исполни зацртаните планови во првенството но затоа пак се најде на листата клубови за новата втора лига во Австралија која ќе започне идната година.
Од овие причини клубот за новата сзона потпиша договори со поголем број нови играчи со цел да се претстават во што подбро издание во првата Премиер лига на Викторија но и да им послужи како база и за составување квалитетна екипа за новата лига.
Тоа го потенцира и тренерот на Престон Лајонс, Љупче Ацевски кој вели:
Минатата сезона резултатски не поминавме како што очекувавме. Се решивме за нови играчи со кои ќе се обидеме да бидеме по силни сезонава. Подготовките поминаа добро. Очекувам да се бориме за првото место но и да градиме силна екипа и да потврдиме дека сме еден од најдобрите клубови во Викторија.
Љупче Ацевски, тренер на ФК. Престон Лајонс Credit: SBS
Подготвени сме за нови успеси во лигата но и паралено работиме и на подолги патеки за што по подготвени да ја дочекаме првата сезона во новата лига идната година. Исто така и посакувам и многу среќа на Алтона Меџик во првенствените борби.
Претседателите на Алтона Меџик, Џими Илиевски (лево) и Престон Лајонс , Дејвид Цветковски си посакаа успех во новата сезона Credit: SBS



