Јужна Австралија би можела да се соочи со првиот масовен помор на диви животни во земјата поврзан со високо патогениот птичји грип H5N1. На еден остров крај брегот на Јужна Австралија се пронајдени повеќе од 80 болни или угинати големи гривести рибарки, што предизвика сериозна загриженост кај експертите.
Федералната влада предупредува дека вирусот повеќе не може целосно да се искорени и дека Австралија мора да се насочи кон негово долгорочно контролирање.
Иако ризикот за здравјето на луѓето останува низок, експертите стравуваат дека ширењето на вирусот би можело сериозно да ги загрози австралиските автохтони видови.
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
Podcasts in Macedonian | SBS Audio
For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here:


