Др Снежана Џамбазова –Попорданоска е доктор по медицина и доктор на науки по психологија. Таа е исто така основач на организацијата „Another Way – Life Education” која е едукативна и хуманитарна невладина организација за личен развој во Мелбурн.
Книгата „Да се живее поинаку – Патување кон самореализацијата“ пред присутните ја претстави Гордана Димоска која истакна дека содржината претставува неопходен водич за стекнување на духовна мудрост, себеспознание и автентична среќа. Во суштина, оваа книга ја обработува човековата свест на еден разбирлив и уникатен начин, објаснувајќи ја врската помеѓу нивото на индивидуалната свест и нивото на човековата среќа.
Книгата содржи и практични, научно базирани техники, како да се употреби моќта на човековиот ум со цел потполно да се излекуваат болестите на физичкото тело.

Стихозбирката „Во прегратките на љубовта“ е првата книга на Д-р Емил Попорданоски. Таа содржи триесетина песни напишани во различни временски периоди и континенти, инспирирани од неговата љубов на животот – сопругата Снежана. Книгата е збогатена со прекрасни илустрации кои ја прават и визуелно атрактивна.

Промоцијата на новите книги на брачната двојка Попорданоски беше во организација на македонското литертаурно друштво "Кочо Рацин" од Мелбурн.




