Постои загриженост дека граничните политики на Австралија придонесуваат за постнатална депресија кај новопородените мајки на кои им е потребна поддршка од своите родители, а кои не можат да дојдат заради затворените граници. Неколку нови мајки велат дека ограничувањата на границата, што ги спречува нивните родители да влезат во земјата, влијае на нивното ментално здравје. Тие напишаа отворено писмо до сопругата на премиерот, Џени Морисон, која во минатото зборуваше за надминување на постнаталната депресија со поддршка од семејството.
Share





