Watch FIFA World Cup 2026™ LIVE, FREE and EXCLUSIVE

Може ли роботот 'Аби' да помогне во секторот за нега на стари лица?

Robot Abi in Aged Care home in Melbourne - SBS.jpg

Роботот Аби во дом за стари лица во Мелбурн. Credit: (SBS)

Постојат нови примери на вештачка интелигенција што се воведуваат во секторот за нега на стари лица, од системите за превенција од пад, до нови начини за справување со социјалната изолација. Меѓу нив е и хуманоиден робот од Австралија, кој се нарекува Аби.


Аби е хуманоиден робот со пријателско лице и талент за јазици.

Направени се напори да се вградат љубопитност и емпатични особини во нејзиното програмирање.

Примарната функција на хуманоидниот робот е интеракција со жителите и има способност да зборува на речиси 90 јазици.

Тоа е важно поради што во подоцнежните години, луѓето можат да се вратат и се потпрат на начинот на комуникација кој им e најудобeн.

Аби користи вештачка интелигенција за да препознава лица, да учи од нејзините интеракции со жителите и да се сеќава на претходните разговори.

Хуманоидниот придружник, кој, за првпат беше развиен пред три години среде предизвиците за изолација предизвикани од пандемијата COVID-19, е изум на 24-годишната инженерка за мехатроника Грејс Браун, која објаснува дека главен фокус биле манирите на Аби, нејзината личност и начинот на кој таа поставува прашања.

Иновативна технологија која се фокусира на социјалнатa изолација, произведена во Австралија и која еволуира и учи со секоја интеракција.

Браун вели се наоѓаат на прагот на нова технолошка ера каде што социјалните хуманоидни роботи ќе се размножуваат во болниците, образованието и училиштата.


Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now