Учениците со своите наставници и гости од VSL на матурската вечер по завршувањето на изучувањето на македонскиот јазик. Source: SBS
На 27- та по ред матурска вечер на 12 -те ученици кои го изучуваа македонскиот јазик во училиштата во Томастаун, Алтона и Килор Даунс во Мелбурн им беа врачени дипломите. На свечената вечер, матурантите ги поздрави и им го честита успехот наставничката и претседателка на Здружението на наставници по македонски јазик Љубица Талевска. Пред матурантите поздравен говор одржа и Френк Мерлино -директор на Викториското училиште за јазици (VSL). Тој истакна дека многу јазици се соочуваат со фактот дека можат да исчезнат од програмата и затоа македонската заедница треба да прави напори да се зачува програмата за изучување на македонскиот јазик. Гостин на матурската вечер беше и вицеконзулот Гоце Пејовски од Генералниот конзулат на Р. Македонија во Мелбурн.

Видео од матурската вечер на учениците кои успешно го завршија изучувањето на македонскиот јазик за 2018 година.