Авторката од Сиднеј, Жаклина Михајлова имаше излагање за важноста на илустрациите во книгите за деца кои изучуваат јазици, преку онлајн учество на 37-от Конгрес за книги за деца и млади што оваа година се одржа во Москва од 10-14 септември.
Темата на конгресот што се одржа и онлајн и со физичко присуство, беше : "Прекрасниот голем свет низ книгите за деца - Улога, вредност, влијание врз младите читатели во различни земји".
Земји-домаќини на овој влијателен меѓународен настан во минатото беа Обединетото Кралство, Нов Зеланд, Кина, Мексико, Норвешка, Шведска, Јужна Африка, по трипати Шпанија и Германија, двапати Италија и други земји членки на IBBY.
Конгресот дава одлична можност да се направат контакти, да се разменат идеи и да се прошират хоризонтите преку панел дискусии и работилници на одредени теми и да се биде дел од глобалната заедница на експерти за детска литература.





