Контроверзност околу настан во Мелбурн кој наводно ќе ја прославува израелската операција на пејџери

Several injured in Lebanon in mass pager detonations, state news agency

Либански војници собрани пред болница каде што беа транспортирани повредени лица по инцидентот со пејџери, дел од израелска воена операција. Source: EPA / WAEL HAMZEH/EPA

Либански и еврејски групи го осудија планираниот настан во Мелбурн, кој се чини дека е во знак на прослава на минатогодишната израелска операција со пејџери во Либан, во која загинаа десетици, а илјадници беа повредени.


Настанот што го организира групата наречена Lions of Zion е означен како “срамен“ - но организаторите велат дека го слават она што го опишуваат како една од нај генијалните воени операции во историјата.

И предупредување, оваа репортажа содржи графички детали што некои слушатели може да ги сметаат за вознемирувачки.
================
Помина повеќе од една година од нападот планиран од Израел во кој пејџери во сопственост на членови на либанската милитантна група Хезболах експлодираа истовремено.
Во операцијата загинаа 39 лица, а беа повредени повеќе од 3.400, вклучувајќи деца и други цивили.

Израел ја поздрави oперацијата како триумф на разузнавањето, но ја осудија експертите за права, вклучувајќи го и специјалниот известувач на Обединетите Нации Бен Сол.

Господинот Сол вели дека операцијата на широко се сметаше за нелегален напад според меѓународното хуманитарно право, бидејќи хуманитарното право забранува она што го нарекуваме неселективни напади.

Тоа cе, напади кои по својата природа не се во можност да направат разлика помеѓу воени цели, кои законски може да бидат нападнати, и цивили, кои се заштитени според меѓународното право.

Тој вели дека нападот нашироко се смета за воено злосторство - но сега еден настан планиран во Мелбурн ќе го прослави она што организаторите го нарекуваат израелска генијалност.
Флаер на интернет го промовира бесплатниот настан за деца, ветувајќи борба со NERF и обука за боречки вештини.
Коосновачот на Lions of Zion, Ајзак Балбин, не се извинува што е домаќин на настанот.

Групата се формираше околу една година по нападите од 7 октомври за да се спротивстави на она што го нарекуваат континуирано вознемирување на еврејската заедница и перципираната неактивност за справување со тоа.
Toј смета дека Евреите не треба да се извинуваат што постојат и што се бранат.

Либанската заедница во Австралија реагираше со шок.
Гамел Кеир е секретар на Либанската Муслиманска Асоцијација.
Тој вели Фактот што воопшто се слави е срамен но не ја гледа релевантностa за Австралија.
Извршната директорка на Прогресивниот Еврејски Совет на Австралија, Сара Шворц ги опишува Лавовите од Сион како маргинална, крајно десничарска група.

Гамел Кеир вели дека настанот веројатно ќе ја поткопа социјалната кохезија.

SBS се обрати до министерот за внатрешни работи Тони Бурк за коментар, но неговата канцеларија упати прашања до полицијата на Викторија, која вели дека е свесна за настанот и ќе продолжи да ги следи безбедносните ризици.

Голем број други групи на еврејската заедница се дистанцираа од Lions of Zion, одбивајќи да коментираат за оваа сторија.

И покрај повиците за откажување на настанот, групата вели дека настанот сè уште е закажан да се одржи.
============================================
За повеќе прилози, интервјуа и вeсти од SBS на македонски, проверете ја нашата колекција на поткасти овде:
For more stories, interviews, and news from SBS MACEDONIAN, explore our podcast collection here:

Share
Follow SBS Macedonian

Download our apps
SBS Audio
SBS On Demand

Listen to our podcasts
Independent news and stories connecting you to life in Australia and Macedonian-speaking Australians.
Ease into the English language and Australian culture. We make learning English convenient, fun and practical.
Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS
Macedonian News

Macedonian News

Watch it onDemand
Контроверзност околу настан во Мелбурн кој наводно ќе ја прославува израелската операција на пејџери | SBS Macedonian