Кристијано Роналдо го постигна својот 118-ти гол за Португалија во победата од 3-2 против Гана во првиот натпревар на Мундијалот во Катар.
Роналдо со овој гол стана првиот играч во историјата кој постигнал барем по еден гол на пет едноподруго светски шампионати! Низата трае уште од 2006 година кога Роналдо во Германија стрелаше против Иран, а продолжи во 2010 година против Северна Кореја, во 2014 година против Гана, во 2018 година против Шпанија и денеска повторно против африканската држава Гана.
Во вториот натпревар од групата Х, Уругвај и Јужна кореја одиграа нерешено 0:0.
Резултати од групата Г
Швајцарија - Камерун 1:1
Стрелец на голот за Швајцарија, Брел Емболо, кој по потекло е од Камерун.
Бразил - Србија 2:0
Репрезентативецот на Бразил Ричарлисон стрелаше во 62. и во 73. минута, а посебно впечатлив беше вториот погодок кој, без сомнение, е и најубавиот низ досегашниот дел од шампионатот.






