Нова шема на Федералната влада ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство да повлечат дел од нивниот пензиски фонд. Владата ја опишува оваа политика како сочувствителна мерка за одговор на семејно и домашно насилство. Според шемата, преживеаните од домашно насилство би можеле да земат $10,000 од нивниот пензиски фонд за да го финансираат сопствениот одговор на кризата - но критичарите велат дека тоа може да ги остави веќе ранливите жени, во полоша состојба.
Share




