Со најдобриот во моментов македонски атлетичар Дарио Ивановски и неговиот тренер Игор Јакимовски разговараме за плановите за подготовки за исполнување олимписка норма и третманот што тој но и другите атлетичари го имаат во Македонија.
Најдобриот во моментов македонски атлетичар Дарио Ивановски во последните пет години е непобедлив во Македонија на средни и долги патеки.
На почетокот од оваа календарска година Дарио го подобри и неговиот личен рекорд на 1.500 метри со што обезбеди норма за учество на ЕП во сала ( не учествуваше поради Ковид-19 ) и стана шампион на Балканот на 3.000 метри во сала со што запиша нов извонреден успех за македонскиот спорт.

Пред Дарио Ивановски следна цел е и исполнување норма и настап на ЛОИ во Токио.
" Секако мој сон е настап на ЛОИ, затоа едвај чекам да започнам со подготовки, да се подготвам најдобро што можам и да го исполнам својот сон како спортист но и да ја претставам Македонија во најдобро светло доколку настапам на игрите."-вели Дарио

Како ќе се одвиваат подготовките на Дарио ќе зависи од состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот вели неговиот тренер Игор Јакимовски додавајќи
" Планираме сериозни и обемни подготовки на најпрофисионално ниво. Во опција се подготовки во Португалија и Србија каде ќе се обидеме Дарио да ја достигне потребната форма."
Од 15 мај до 30 јуни Дарио Ивановски ќе настапи на пет меѓународни силни трки кои што ќе се бодуваат за настап на ЛОИ.
Постигнувањето врвни резлтати во спортот особено во атлетиката покрај тоа што бара целосна посветност и професионалност бара и поголема финасиска и логистичка подршка и од државните спортскии институции, вели Ивановски и додава
" За жал јас немам доволно подршка во однос на другите атлетичари со кои настапувам и тренираме заедно и доколку се промени тоа верувам дека ќе имам даелку подобри резултати".

" Се снаоѓаме како знаеме и умееме но и со таа минимална подршка што ја имаме успеавме годинава да ги постигнеме најдобрите резултати " - потврдува и тренерот Јакимовски додавајќи дека " тоа веќе го препознаа некои институции во Македонија и ни ветија помош за претсојните подготовки на Дарио".
Дарио Ивановски и неговиот тренер Игор Јакимовски изразија благодарност за подршката од поранешниот македонски атлетичар Стефче Георгиевски и неговите пријатели од Сиднеј кои во неколку наврати финансиски им помогнале.





