Франција ќе игра против Аргентина во финалето на Светското првенство во фудбал 2022 година, откако во полуфиналето го совлада Мароко со 2:0.
Француската фудбалска репрезентација е вториот финалист на Светското првенство во Катар, откако во полуфиналето го совлада Мароко со 2-0. Без големо изненадување, "галските петли“ дојдоа до очекувана победа, иако Мароко повторно покажа дека неслучајно стигна меѓу најдобрите четири селекции.
Светскиот шампион со голот на Тео Хернандез поведе во 5-та минута, а работата ја заврши Коло Муани во 79. минута.
Репрезентацијата на Мароко стана првата селекција од Африканскиот континент која се пласираше во едно полуфинале на Светските првенства.
Големото финале ќе донесе судир на Франција и Аргентина.
Во „малото финале“ ќе се надигруваат Хрватска и Мароко.




